Домаќинот на СП 2026 со гол од пенал во 90+2 минута стигна до првата титула во Лигата на нациите (Видео)

Репрезентацијата на Мексико испиша фудбалска историја откако стигна до првата титула во Лигата на нациите во КОНКАКАФ зоната. Во големото финале кое се играше во Лос Анџелес во САД, Мексико по голема драма ја победи Панама со 2:1.

Уште пред дуелот, Мексико ја имаше улогата на фаворит и поведе во голот на Раул Хименес само по осум минути игра. Сепак, Панама не се предаде толку лесно и во финишот на првиот дел израмни на 1:1. Беше досуден пенал, а Караскиља беше прецизен и донесе радост за фановите на Панама.

Делуваше дека мечот ќе заврши нерешено и ќе има продолженија кога во судиското надополнување во вториот дел беше досуден пенал за Мексико. Одговорноста ја презеде Хименес, а напаѓачот на Фулам, ладнокрвно погоди во мрежата на противникот за водство на Мексико од 2:1. Овој гол беше и решавачки за историската прва титула на Мексико.

Mexico [2] – 1 Panama – Raul Jiménez (pen) 90+2
byu/MysteriousEdge5643 insoccer

Во борба за третото место, Канада со 2:1 ја победи селекцијата на САД.

- Оглас -

Најнови вести