Многу, многу ретко се случува голман да постигне погодок на еден фудбалски натпревар, но сепак се случува. Низ годините се појавувале мајстори за бранење мрежи, кои воедно биле добри изведувачи на слободни удари, пенали, а имало и такви кои го оставале голот празен за во финишот од мечот да искористат некој прекин.
Голманот на Гвадалахара, Антонио Родригес, искористи таков прекин да се запише во листата стрелци, само што прекинот беше во корист на противничката екипа. Во победата од 3-1 против Веракруз, бодовите ги запечати голманот Тоњо во судиското надополнување, со фантастичен гол преку цел терен.
Родригес прво ја анулираше заканата на гостите, па со деганжман ја шутна топката до другата страна, а таа заврши во празниот гол, бидејќи гостинскиот голман се враќаше назад во тој момент, но беше доцна.
Моментот можете да го видите на 5:20 минути во следното видео: