Мектоминеј: Не го отпишувајте Манчестер јунајтед

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Скот Мектоминеј, одигра добро против Барселона како за некој што го има само вториот настап во Лигата на шампионите, но 22-годишникот жали што екипата не постигнала гол и си ја отежни работата во ова четвртфинале против силниот противник.

Сепак, Мектоминеј останува оптимист и на скептиците им порача да не го отпишуваат пред реваншот.

„Во првите десетина минути покажавме премногу респект кон противникот. Потоа се адаптиравме доста добро и делувавме како што треба. Публиката која го гледала мечот е задоволна. Барселона е топ класа, тешко е да им ја земеш топката. Не е лесно да им правиш пресинг. Требаше да направиме повеќе пред нивниот гол, но тоа е. Сега сме на полувремето од овој двомеч. Ние сме Манчестер јунајтед, никогаш не треба да нè отпишувате“, порача Мектоминеј.

- Оглас -

Најнови вести