Еден од клучните фудбалери во освојувањето на Скудетото за екипата на Наполи беше Скот Мектоминеј. Тој минатото лето се пресели во Неапол од Манчестер јунајтед, а сега се обидува да го искористи своето влијание и да донесе засилување во редовите на актуелниот шампион на Италија.
Според медиумите во Италија, Мектоминеј го контактирал Расмус Хојлунд и го убедувал да потпише за Наполи, а тоа воопшто не им се допаднало на навивачите на Манчестер јунајтед.
Раководството на „црвените ѓаволи“ инсистира да го продаде Данецот, но навивачите не се согласуваат и сметаат дека Хојлунд има што да покаже на „Олд Трафорд“.
Очекувањата на Манчестер јунајтед се дека ќе добијат 45 милиони евра за Расмус Хојлунд.