Мектоминеј во Јунајтед до 2023 година

Скот Мектоминеј потпиша нов договор со Манчестер јунајтед, според кој во клубот ќе се задржи до 2023 година. Англискиот гигант додаде и клаузула во новата соработка за можност да му го продолжи престојот на Мектоминај плус една сезона по завршувањето на четиригодишниот договор.

Шкотскиот играч за врска ги помина сите младински селекции на Јунајтед, а од 2017 година е во првиот состав, каде што забележа 22 настапи.

„Јунајтед е дел од мојот живот уште од мојата петта година. Да играм за клубот за кој навивам е нешто што сум го посакувал цел живот, а со новиот договор ќе продолжам да го живеам сонот. Клубот имаше многу подеми и падови во последниве неколку сезони, но јас сакам да продолжам да се развивам тука“, истакна Мектоминеј.

Минатата година дваесет и двегодишниот фудбалер дебитираше во сениорската репрезентација на Шкотска и запиша вкупно пет настапи. Сезонава одигра вкупно осум меча во сите натпреварувања, на кои главно влегуваше од клупа.

- Оглас -

Најнови вести