Мелбурн би можел да остане без гренд слем турнирот?!

Директорот на Австалија опен, Крег Тили, призна дека Мелбурн во иднина може да остане без гренд слем турнир, кој традиционално се одржува во првиот месец од годината.

Мелбурн засега има долгорочен договор за организација на еден од четирите најголеми тениски турнири, но Тили вели дека странски влади и инвеститори се обидуваат да им го украдат Отвореното првенство на Австралија.

„Во 2010 година постоеше голем интерес од Сиднеј и Шангај“, изјави Тили за „Хералд сан“.

Првиот човек на тениската федерација на Австралија призна дека поради строгите мерки ви сојузната држава Викторија поради пандемијата на коронавирусот, размислувале во 2020 и 2021 година, гренд слем турнирот да го преместат во друг град.

За Мелбурн да остане сигурен организатор на Австралија опен, потребно е да биде изграден нов стадион, нови терени и да се прошири капацитетот на постоечките.

„Мораме да направиме план и на него да работиме со федералната влада. Потребен ни е уште еден стадион, како и повеќе терени за гренд слем турнирот да прерасне во тринеделен настан“, додаде Тили.

Годинава Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 16 до 29 јануари, а титулата ќе ја бранат Рафаел Надал во машка и Наоми Осака во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести