Мелбурн ќе ужива во Формула 1 и во наредните 13 години

Австралиското Гран при ќе се одржува во Мелбурн и во следните 13 години, откако Формула 1 ја продожли соработката со организацијата на трката до 2035 година.

Патеката „Албер парк“ е една од најпопуларните во најбрзиот мотоциркус во светот, па затоа и се склучи овој несекојдневен договор, кој првично требаше да важи до 2025 година.

Трката за големата награда на Австралија е дел од Ф1 календарот уште од 1996 година, а минатиот април беше урнат рекорд на посетеност на еден спортски настан во Австралија со 419.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести