Мелем за очи за сите што навиваат за Вардар, победничко селфи од Битола (Фото)

Вардар 1961 после мај 2022 победи во Битола против ривалот Еурофарм Пелистер, а вечерашниот триумф е посебно значаен затоа што скопските Црвено-црни го презедоа првото место на табелата и во последното коло играат дома со актуелниот првак во меч кој веројатно ќе го одлучи шампионот.

Радоста кај навивачите, ракометарите, стручниот штаб и сите на кои Вардар им е во срце беше разбирлива, а победата беше прославена и со селфи во салата на ривалот на кое се и Комитите кои отпатуваа во Градот на конзулите да му дадат поддршка на црвено-црниот тим.

.

 

- Оглас -

Најнови вести