Кенард со историска партија го однесе Мемфис во плејофот, Лејкерс првпат сезонава има ист број на победи и порази!

Богатата НБА вечер со десет натпревари, донесе неколку интересни мечеви, имаше претежно очекувани резултати, а најголема причина за задоволство имаа навивачите на Мемфис гризлис, ЛА Лејкерс и Голден Стејт вориорс.

Мемфис со победата од 151-114 над Хјустон, обезбеди место во плејофот, а во оваа ефикасна игра на Гризлис, се истакна Лук Кенард со 30 поени, сите со шутеви од далечина, што е клупски рекорд, а постави и НБА рекорд. Кенард погоди дури 10 тројки од 11 обиди, и стана првиот во историјата на лигата што погодил десет тројки со над 90 проценти реализација.

Лос Анџелес лејкерс без Леброн Џејмс, го совлада Оклахома Сити тандер со 116-111, и првпат сезонава дојде на 50 проценти. Езерџиите имаат по 37 победи и порази, и сега се во добра ситуација за да влезат во разигрувањето за титулата, им се насмевнува место барем во плеј-ин, ако не директно во плејоф.

Дербито беше во Сан Франциско, каде Голден стејт ја победи Филаделфија со 120-112, и тоа благодарение на добрата игра во последната четвртина која Вориорс ја доби со 41-24. Во поразениот тим, Џоел Ембид имаше 46 поени, и тоа беше најефикасната игра за еден поединец синоќа.

Ова се тројките на Кенард:

https://twitter.com/i/status/1639459400661233664

- Оглас -

Најнови вести