Холандскиот напаѓач Мемфис Депај е во преговори со Коринтијанс, веќе постигнале начелен договор, и ако работите течат според желбите и планот, искусниот фудбалер ќе заигра во бразилската Серија А.
Депај кој има 30 години, е слободен играч, а за Коринтијанс од Сао Пауло би потпишал на две години, период во кој треба да заработи повеќе од 11 милиони евра.
Минатата сезона Депај играше за Атлетико Мадрид и постигна 9 голови, имаше и две асистенции во сите натпреварувања.