Мемфис е во серија од седум победи и вечерва е голем фаворит да дојде до осми триумф

Вечерва се играат осум натревари во НБА-лигата за кои Sport Life подготви одлична понуда со 155 или 161 различна игра. Освен на конечен исход, може да се игра на вкупно поени, на разни хендикепи, поени во секоја четвртина, Т1 и Т2 и уште многу разновидни игри.

Најдобриот тим во Западната конференција, Мемфис гризлис е со најдобра форма во НБА-лигата, има скор 27-13, се наоѓа во серија од седум победи по ред и вечерва има одлична шанса да дојде и до осмата, а квотата за тоа е само 1.13. Противник на Мемфис е Сан Антонио спарс, кој има само 13 победи во 41 натпревар и уште сега ги загуби шансите да обезбеди пласман во плејофот.

Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Денвер нагетс и Феникс санс, а во центарот на вниманието ќе биде Никола Јокиќ. Србинот е неверојатен и оваа сезона, има просек од 25 поени, 10,8 скока и 9,7 асистенции по натпревар и прашањето кое си го поставуваат фановите на Денвер е дали ќе дојде до нов трипл-дабл. Неверојатно делува податокот дека Јокиќ е трет асистент во лигата.

Уште една интересна пресметка се очекува да биде таа меѓу Бостон селтикс и Њу Орлеанс пеликанс бидејќи еден против друг ќе играат Џејсон Тејтум и Зајон Вилијамсон.

Посебно интересни за обложувачите што ја следат внимателно НБА-лигата е понудата со кошаркари за индивидуални тотали во поени. Има граници за плус и минус, а ноќеска во понудата има 29-мина кошаркари и меѓу нив се двајца од Топ-5 најефикасните играчи во досегашниот дел од сезоната.

Јанис Адетокумбо, кој е трет со просек од 31,7 поени на меч, ќе игра за Милвоки бакс против Атланта хоукс, а границата му е 32,5 поени.

На Џејсон Тејтум, кој е четврти кошгетер во НБА со просек од 30,8 поени, за дуелот ноќеска границата му е 31,5 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести