Екипата на Мемфис гризлис го изедначи НБА-рекордот по бројot на погодени тројки, уфрлија дури 29 тројки против Кливленд, но на крајот тоа беше џабе бидејќи Кавалирс победија со 142-126.
Гризлите имаа 59 обиди за тројка, а погодија 29 пати, девет различни играчи погодија барем по еден шут за три поени. По десет тројки реализираа во првата и последната четвртина, имаа само три во втората и шест во третата, но одиграа слабо во одбраната и го претрпеа 18-тиот пораз на последните 20 натпревари. Кливленд втора сезона по ред доаѓа до бројка од 50 победи во регуларната сезона.
Денвер нагетс дојде до деветтата победа едноподруго, овојпат го совлада Портланд со 137-132 по продолжение од пет минути, а Никола Јокиќ имаше трипл-дабл (33-ти сезонава) од 35 поени, 13 скока и 13 асистенции. Блејзерс имаше 16 поени предност на почетокот на последната четвртина, но Денвер предводен од Јокиќ се спаси од пораз. Портланд погоди 25 тројки, што е нивен клупски рекорд.
Сан Антонио ја совада Филаделфија за 60-та победа сезонава на Спарс, но лоша вест за нив е што Виктор Вембањама се повреди во пределот на ребрата, но не се знае колку време ќе отсуствува. Надигран беше и лидерот на Истокот, Детроит, кој загуби од Орландо. Пистонс играа без осуммина кошаркари и имаа 21 загубена топка, па Паоло Банкеро (31 поен) и другарите го искористија тоа.

