Мемфис се спелцијализираше за победи со пресврти, сега ќе водат битка со Воините

Мемфис гризлис е последниот тим кој обезбеди место во следната фаза од плејофот во НБА лигата, откако утрово на гостувањето кај Минесота победи со 114:106, во шестиот меѓусебен дуел. Со оваа победа Мемфис стигна до вкупен резултат од 4:2 во победи и во полуфиналето на Западот ќе игра против Голден Стејт вориорс.

Од четирите победи на Мемфис протиув Минесота, дури три беа по направени големи пресврти и достигната двоцифрена негатива. Така беше и овојпат. Во средината на третата четвртина, Минесота имаше предност од 66:53, а во последната четвртина домаќините влегоа со предност од 84:74.

Мемфис не само што не се предаде туку со одлична игра, последната четвртина ја доби со 40:22 и на крајот гостите стигнаа до победа од осум разлика.

https://twitter.com/i/status/1520247519808147456

Морант кој е прва ѕвезда кај Мемфис, се мачеше на овој меч и погоди само 4 од 14 шута, но на крајот заврши со 17 поени, осум скока и 11 асистенции, а одлични беа и Бејн и Брукс кои постигнаа по 23 поени, Џексон со 18 поени и 14 скокови, како и Кларк со 17 поени и 11 скока. Кај Минесота најпрецизен беше Едвардс со 30 поени, а Мекданиелс даде 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести