Кошаркарот на Мемфис гризлис, Дилон Брукс заработи парична казна од челниците на НБА лигата бидејќи оттурна камерман.
Брукс во обид да спречи топката да излезе надвор од теренот, налета на камерман, а потоа и го оттурна, за што си заработи казна од 35.000 долари.
Miami’s camera operator was injured and remains under evaluation after being shoved by Dillon Brooks, per @TheJaxShow
(h/t @TopBallCoverage )
— NBACentral (@TheNBACentral) March 17, 2023
Ова не е прв пат Дилон Брукс да прави инциденти на НБА паркетите, а неговиот тим станува еден од најомразените во целата лига.
Брукс на почетокот од годината влезе во вербален дуел со легендата на НФЛ лигата, Шенон Шарп кој сега работи како ТВ новинар, за време на дуелот против ЛА Лејкерс.
Dillon Brooks was fined $35k for “the unsportsmanlike act of shoving a camera person on the sideline after pursuing a loose ball,” the NBA announced. pic.twitter.com/dPFLnzFFcc
— ESPN (@espn) March 17, 2023
Потоа имаше и дуел со кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин, со кого кавгата ја продолжија на социјалните мрежи. Брукс исто така влезе во вербален конфликт и со еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Стеф Кари.
Претходно, НБА лигата ја суспендира и првата ѕвезда на Мемфис, Џа Морант, кој изминатите неколку месеци направи неколку инциденти надвор од терените. Прво претепа момче на баскет, а потоа му се закануваше со пиштол.
Потоа заедно со свои пријатели му се заканувале на човек од обезбедувањето на трговски центар кој имал расправија со неговата мајка. Морант суспензијата ја заработи бидејќи покажуваше пиштол во стриптиз бар и тоа додека се снимаше.