32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Мемфис зареди со поразите и мора да се вади против Минесота

Вечерва се играат пет натревари во НБА-лигата за кои Sport Life подготви одлична понуда со 155 и 157 различни игри. Освен на конечен исход, може да се игра на вкупно поени, на разни хендикепи, поени во секоја четвртина, Т1 и Т2 и уште многу разновидни игри.

Вечерва екипата на Мемфис гризлис ќе се обиде да ја прекине серијата порази која моментно изнесува четири во низа.

И покрај поразите, Мемфис остана второпласиран во Западната конференција со скор 31-17, а вечерва игра против Минесота, која со скор 25-25 се бори за место во разигрувањето за титулата.

Дополнителен мотив за Мемфис да им се врати на победите претставува податокот дека за Минесота нема да настапат Карл Ентони Таунс, Тајрон Принс, Џордан Меклахлин. Квотата за триумф на Мемфис изнесува 1.73.

Најмала квота во Sport Life има Мајами хит, кој игра во дербито на Флорида против Орландо меџик. Кецот за Жешките изнесува 1.42.

Шампионот Голден sтејт го пречекува Торонто репторс во реприза на големото финале од 2019 година. Воините се благи фаворити на овој меч бидејќи на терените се врати Стеф Кари.

Посебно интересни за обложувачите што внимателно ја следат НБА-лигата е понудата со кошаркари за индивидуални тотали во поени.

Има граници за плус и минус, а ноќеска во понудата има 27-мина кошаркари. Највисока е границата за Јанис Адетокумбо и изнесува 30,5 поени, а поентерски расположени се очекува да бидат Џа Морант, Ентони Едвардс, Паскал Сиjакам, Џордан Пул, Стеф Кари…

- Оглас -

Најнови вести