Традиционалниот, четврти по ред меморијален турнир во чест на младиот ракометар, Марко Божиновски – Марче чиј живот прарано згасна, оваа година ќе се одржи од 13 до 15 јуни.
Оваа година турнирот ќе биде со репрезентативен карактер и ќе учествуваат ракометари до 17 години. Засега се најавени три репрезентации.
Покрај Македонија, која ќе биде предводена од Горан Кузманоски и ќе се подготвува за Европскиот олимписки фестивал, на меморијалниот турнир „Марко Божиновски 9“ засега се најавени репрезентациите на Катар и Романија. Во следниот период се очекува да биде комплетиран списокот на национални тимови.
View this post on Instagram
Натпреварите ќе се играат на Спортскиот Центар кој го носи токму името на Марче. Фондацијата „Марко Божиновски“ преку овој турнир, но и бројни добри дела, има за цел – ликот на младиот ракометар да живее вечно, бидејќи овој спорт беше неговиот живот и љубов.
По објавувањето на сите учесници ќе бидат познати групите и распоредот на одигрување на натпреварите.
View this post on Instagram