Менаџерката на Халанд беше на Реал – Брага и испрати порака од Мадрид

Една од најмоќните жени во светот на фудбалот, Рафаела Пимента, која меѓу другите е агент и на Ерлинг Халанд, синоќа беше во Мадрид и го следеше мечот Реал – Брага, што беше доволно за шпекулации дека можеби е дојдена на разговор со првиот човек на Кралскиот клуб.

Вчера се појави информација во некои шпански медиуми дека Реал наводно кренал раце од ангажирање на Килијан Мбапе, а случајно или не, истиот ден жената која го застапува Халанд се појави во Мадрид.

Пимента ја начекаа новинари и побараа изјава од неа.

„Бев на стадион со Максвел и Естебан Гранеро. И лани бев тука кога играа Реал и Манчестер сити. Дали разговарав со Флорентино за Халанд? Не, не, не“, рече Бразилката, која е на чело на агенцијата која ја држеше сега покојниот Мино Рајола.

- Оглас -

Најнови вести