Менаџерот на Алиоски се сели во Рим?

Менаџерот на Лидс јунајтед Марсело Бијелса, се наметна како кандидат за преземање на клупата на Рома по завршувањето на оваа сезона во Серија А. Аргентинскиот стратег би требало да дојде на местото на Клаудио Раниери, кој моментално ја извршува задачата како привремен тренер.

Оваа шпекулација ја потврдија неколку италијански медиуми, како и реномираниот новинар од Апенините, Џанлука Ди Марцио, кој смета дека „лудиот“ Бијелска не само што е кандидат, туку и фаворит да биде нов предводник на Римската волчица.

Бијелса претрпе неуспешна сезона во Втората англиска лига, откако во полуфиналето од плеј-офот за пласман во Премиер лигата, претрпе елиминација од Дерби каунти, па по една сезона би можел да го напушти Островот. Голем хендикеп за него беше и отсуството на повредениот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски, кој пак закрепнува од повреда на менискусот.

Интересно е што доколку Бијелса се пресели во Рим, нема да му биде првпат. Тој во јули 2016 година беше назначен за тренер на Лацио, а само два дена подоцна даде отказ поради несогласувања со раководството на Лацијалите.

- Оглас -

Најнови вести