Менаџерот на Фулам е новата цел на Јувентус

По одбивањето од Џанпјеро Гасперини да ја преземе клупата на Јувентус и неговото преминување во Рома, како и решението на Антонио Конте да остане во Наполи, Старата дама се насочила кон нова цел, португалскиот стратег Марко Силва. Ова го пренесува „Скај Спорт Италија“.

Иако актуелниот тренер Игор Тудор се очекува да го води тимот на Светското клупско првенство, не се верува дека хрватскиот стручњак ќе биде долгорочно решение на клупата. Се предвидува дека Јувентус ќе направи промена на почетокот на следната сезона.

Марко Силва, 47-годишниот Португалец, веќе четири сезони е предводник на премиерлигашот Фулам. Во сезоната 2024/25 со англискиот клуб го заврши шампионатот на 11-тата позиција во Премиер лигата.


Во својата тренерска кариера, Марко Силва ги има водено и Есторил, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Вотфорд и Евертон.

Според извори блиски до клубот, Јувентус го гледа Марко Силва како искусен и модерен тренер кој би можел да донесе нова енергија и јасна визија во клубот кој се стреми да се врати на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести