Раководството на англиската Премиер лига го суспендира менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, со забрана за водење на тимот на два натпревари поради исклучувањето за време на дербито против Евертон во средата.
Главниот судија на натпреварот, Мајкл Оливер, му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден речник“.
Со оваа суспензија, Слот нема да може да биде на клупата на Ливерпул во домашните натпревари против Вулверхемптон и Астон вила. Ова е второ исклучување за Слот оваа сезона откако претходно доби црвен картон против Фулам, кога беше суспендиран на еден натпревар.
Црвен картон доби и неговиот помошник Сипке Хулсхоф поради учество во мешаницата што настана по натпреварот, кога Евертон израмни на 2-2, во осмата минута од судиското продолжение.