Менаџерот на Манчестер јунајтед бесен: Ова нема врска со фудбал!

По драматичниот пораз на Манчестер јунајтед од Копенхаген од 3-4 во синоќешниот најлуд меч од Лигата на шампионите, менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, беше лут на судиите бидејќи според него, данскиот тим постигнал два нерегуларни гола во првото полувреме.

„До 25-тата минута имавме целосна контрола врз мечот, водевме 2-0, тоа беше наш најдобро одигран период сезонава, но црвениот картон го смени текот на натпреварот. Судијата предолго размислуваше околу исклучувањето, за мене тоа не беше за црвен картон. Првиот гол на Копенхаген беше од офсајд, нивен играч стоеше пред Онана, тоа е офсајд. Вториот гол го примивме по непостоечко играње со рака. Три тешки одлуки против нас, тоа нема никаква врска со фудбалот“, се жалеше Тен Хаг на литванскиот судија на терен и неговите колеги во ВАР-собата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести