Менаџерот на Челси, Греем Потер, на прес-конференција пред градското дерби против Тотенхем, откри дека тој и неговото семејство добивале смртни закани.
“Мојот семеен живот воопшто не е пријатен во моментов. Ги разбирам фрустрациите на навивачите бидејќи не победуваме и поради лошите резултати. Добив не толку убави мејлови, во кои тие сакаат јас и моите деца да умреме. Тоа е очигледно не е нешто што човек сака да го најде во своето сандаче“, изјави Потер.
По минатонеделниот пораз од Саутемптон, навивачите на Сините бараа Потер да си поднесе оставка, но тој е фокусуран на дербито против Тотенхем.
„Сакам да успеам овде. Можам да кажам дека не ми е гајле што зборуваат луѓето за мене, но тоа не е вистина. Сите ги интересира што другите мислат за нив“, додаде Потер.