Менаџерот на Вулфс разочаран: Тој нема квалитет да биде судија во Премиер лигата

Вулверхемптон вчера го претрпе шестиот пораз во Премиер лигата на гостувањето кај Барнли, а менаџерот на гостите Нуно Еспирито Санто беше видно разочаран од арбитражата.

Португалскиот стратег посочи дека судијата Ли Мејсон нема квалитет да суди натпревари од најквалитетното англиско првенство, а воедно се надева дека повеќе нема да биде делегиран за нивни натпревари.

„Нема да се чувствувам убаво доколку не кажам. Судијата Мејсон нема квалитет да дели правда на премиерлигашки дуели. Со овој проблем досега се соочивме неколкупати. Не се работи за начинот на носење одлуки во тешки или спорни ситуации, туку начинот на кој го води мечот. Нема контрола врз ситуацијата, свири на секое извикување на фудбалерите и ги вади од ритам со толку прекини. Не би сакал повеќе да ни дели правда на наши натпревари. Навистина е разочарувачки што Премиер лигата трпи таков неквалитет“, истакна Еспирито Санто.

https://twitter.com/SkySportsPL/status/1341122159427641346

- Оглас -

Најнови вести