22.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Менаџерот Оливер Гласнер се заканил со оставка ако Кристал палас го продаде Марк Гехи

Кристал палас го стопира планираниот трансфер на Марк Гехи во Ливерпул. Раководството на клубот стравувало дека менаџерот Оливер Гласнер би можел да поднесе оставка доколку капитенот биде продаден во последните часови од преодниот рок.

Според англиските медиуми, австрискиот стратег имал жестоки разговори со сопственикот Стив Париш, во кои јасно ставил до знаење дека Гехи мора да остане на „Селхурст парк“ бидејќи Кристал палас не успеал да обезбеди соодветна замена. Дополнително, челниците на клубот стравувале дека евентуален трансфер во Ливерпул би можел да го натера Гласнер да си замине.

Гехи веќе беше на чекор до преселба на „Енфилд“ откако актуелниот англиски шампион прифати да плати 35 милиони фунти. Тимот на Арне Слот дури и ги достави потребните документи пред официјалниот крај на преодниот рок во Премиер лигата, што им овозможи дополнителни два часа за финализација.

Фудбалерот, кој имаше клучна улога во историскиот триумф на Кристал палас во ФА купот минатата сезона, сега влегува во последната година од договорот. Доколку не потпише нов, следното лето ќе може да си замине како слободен агент.

- Оглас -

Најнови вести