Суперагентот Жорж Мендеш го користи овој период кога фудбалот е во застој да скрои детален план околу својот клиен Хамес Родригес пред да започне преговори со премиерлигашките гиганти. Колумбиецот дефинитивно нема иднина во Реал и при првата прилика за трансфер ќе се обиде да си најде нов клуб, а желба му е да игра на Островот.
Мендеш се надева дека Кралевите ќе прифатат попуст иако му ставија цена од 80 милиони евра на Хамес, ако се земе во предвид моменталната ситуација со Корона-вирусот. Тоа значи дека Манчестер јунајтед и Евертон, најзаинтересираните екипи за неговиот потпис ќе немаат проблем да го одврзат ќесето за одличниот креативец, на кого му остана уште една година од договорот со Реал.
Колумбиската ѕвезда во составот на Зидан последен пат се најде во октомври минатата година, односно запиша само четири настапи откако му заврши двегодишната позајмица во Баерн Минхен, па не е ни чудо што сака побрзо да ја напушти шпанската престолнина.