Кариерата на Бенжамен Менди тргна во надолна линија откако во ноември 2020 година беше обвинет за силување. Тогаш, од неговиот тим Манчестер сити застанаа зад својот играч, но кога во 2021 година повторно беше уапсен, решија да се „ослободат“ од Французинот.
Долго време траеше правната битка на Менди, кој на крајот успеа да докаже дека е невин. Фудбалерот помина неколку месеци во притвор, а на повтореното судење, ја доби правната битка околу обвиението дека силувал жена во неговата вила и дека се обидел да силува уште една друга жена.
Менди го доби и спорот со Манчестер сити, кој реши да не го плаќа обвинетиот фудбалер. Сега Менди ја доби и таа правна битка и од англискиот шампион ќе мора да му исплатат поголем дел од 13,2 милиони евра бруто-плата.