-2.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Менди: Дијаз намерно го промаши пеналот? Бидете сериозни!

Сенегал после голема драма дојде до титула и го победи домаќинот Мароко со 1-0 во финалето на Африканскиот куп на нации, имаше прекин, повлекување на Сенегалците од теренот по контроверзен пенал доцна во судиското продолжение, кој Брахим Дијаз го промаши. 

По речиси 20 минути прекин, Сенегалците се вратија на теренот. Брахим Дијаз ја зеде топката и изведе паненка, но Едуар Менди ја прочита и ја фати топката во рацете.

Сега има шпекулации дека мароканскиот напаѓач и на Реал Мадрид намерно го промашил пеналот, во духот на фер-плејот. Ова цврсто го негира голманот на Сенегал.

„Дали Брахим намерно го промаши пеналот? Не, секако дека не! Па, бидете сериозни! Дали навистина мислите дека на крајот од финалето, напаѓачот на репрезентација која 50 години чека титула сака да промаши и дека можевме да се договориме во таква ситуација? Тој сакаше да постигне гол, а јас заслужувам признание затоа што го одбранив“, рече Менди.

- Оглас -

Најнови вести