Сенегал ја освои првата титула во Африка по драматичната победа во маратонско финале против Египет, а Садио Мане со последен погоден пенал ѝ донесе историски успех на својата репрезентација.
Играчот на Ливерпул се извади за промашниот пенал во регуларниот дел, а Сенегал по 16 настапи на АФКОН, конечно стана континентален првак.
Вистински јунак беше голманот на Челзи, Едуард Менди, кој одбрани два пенали во пенал-серијата што заврши со победа на Сенегал од 4:2.
До крајот на мечот и по продолженијата немаше гол, па се изведуваа пенали.
Кулибали, Дијало, Диенг и Мане погодија за Сенегал, а за новиот африкански првак промаши само Сар.
Зизо и Хамди беа прецизни за Египет, утнаа Абделминем и Лашен, па Салах и не дојде на ред да го изведе последниот пенал за Египет.
Фараоните останаа на рекордните 7 титули, а Сенегалците се радуваа на својата прва круна во Африка.