Од 2.030 прогнозери кои учествуваа во 16-тото коло на бесплатната Спортска прогноза која ја организираат Sport Life и Спортманија, седуммина ги имаат погодено сите пет саботни мечеви од основната понуда од 13 парови, и се во игра за премијата, „ајфон 12“.
За денеска, на програмата се седум натпревари кои ќе најават дали е можно утревечер да има некој освојувач на ајфонот или ваучери од 1.000 за 12-ка односно 500 денари за погодени 11 парови со две утки.
Таканаречениот „замислен тикет“ според процентите на прогнозерите и кого тие фаворизираат, за денеска ви нуди седум мечеви со привлечни квоти. Ако верувате во мнозинството, треба да уплатите и да чекате голема добивка.
Најголем фаворит за денеска е Борусија Менхенгладбах. Од тие 2.030 прогнозери, дури 90,8 проценти типувале кец. За овој меч, квотата за единица во Sport Life е 1.90.
Единица треба да има и на дуелот Штутгарт – Херта, 72,8 проценти од играчите типувале на таков исход, а за Ремс – Анже, две третини (66,2 отсто) типувале победа на домашните.
Играчите на Спортска прогноза се прилично поделени на другите средби. За три натпревари, најмногу прогнозери типувале на нерешено, а процентите се движат околу 50 проценти. Кај некои парови, многу се блиски процентите за нерешено и нечија победа, па може да се одигра и двознак.
Ова е тикетот кој го нудат прогнозерите на база на најголем број на одиграни фиксови:
Болоња – Фиорентина Х 3.30, а квотата за Х2 е 1.45
Ремс – Анже 1 2.55
Лориен – Нант 1 1.70, а квотата за 1Х е 1.44
Штутгарт – Херта 1 2.30
Астон Вила – Лестер Х 3.45
Борусија (М.) – Фрајбург 1 1.90
Селта – Валенсија Х 3.40
——————————————————————————
Вкупен коефициент (само фиксовите, без двојни шанси) 733