Менталитет на победник: Дончиќ незадоволен и по рекордните 42 поени

ЛА клиперс ја доби првата битка против Далас маверикс со 118:110, меч кој беше во знакот на Лука Дончиќ и неговиот нов рекорд.

Словенецот реализира 42 поени, што е најмногу во дебитантски натпревар од разигрувањата, но сепак тој не е задоволен од својот настап и смета дека треба да игра уште подобро.

„За мене секој натпревар е ист. Знам дека противниците се обидуваат да ме задржат со сите сили. За мене е недозволиво да имам 11 грешки, тоа се 11 пропуштени напади кои нè чинат пораз. Ја обожавам оваа игра и затоа мора да играм уште подобро“, истакна Дончиќ по мечот.

Дончиќ го држеше Далас во игра, меѓутоа исклучувањето на Порзингис пред почетокот на последниот период беше клучен момент за Клиперси да тргнат во офанзива и да ја добијат пресметката.

 

- Оглас -

Најнови вести