Со почетокот на мечот меѓу Азербејџан и Црна Гора во 18 часот денеска завршува можноста да се приклучите во 10. коло на Спортска прогноза и да биете битка за прекрасната награда на Спорт Манија и Sport Life, мобилниот телефон „ајфон11“.
Ова е коло за мерак, прво на Спортска прогноза по историскиот пласман на Македонија на Европското првенство, а токму нашиот меч против Естонија што ќе се игра утре од 15 часот е на менито на популарната „Тринаесетка“.
Сите 15 меча, вклучувајќи ги и двата резервни пара се од Лигата на Нации, натпреварување што е во финишот на втората сезона, па за сите мераклии за типување на дуели на европските репрезентации ова е коло што не се пропушта.
Има и дерби дуели како пресметката меѓу актуелниот европски првак Португалија и светскиот шампион Франција, потоа и мечот меѓу Белгија и Англија, Турција и Русија и уште дузина дуели што веќе и одлучуваат за конечниот пласман во втортата сезона од Лигата на нации.
Прогнозирањето е лесно, треба само добра стратегија и малку среќа на патот кон главната награда во секое коло на Спортска прогноза, убавиот „ајфон 11“.