Мерак за обложувачите: Веќе се 10 од 10 победи за домаќините, вечерва се чекаат нови два „кеца“

Со синоќешните победи на Манчестер сити и Јувентус продолжи една интересна низа кога се работи за натпреварите во двете клупски меѓународни натпреварувања на УЕФА. Откако се вратија средбите во Лигата на Европа и Лигата на шампиони, победуваат само екипите кои ја имаат улогата на домаќини.

Сити со 2:1 беше подобар од Реал Мадрид и се пласираше во четвртфиналето, додека Јувентус славеше јалова победа од 2:1 против Олимпик Лион затоа што францускиот тим на крајот оди во следната фаза. Тоа што е важно за обложувачите, дека е задржана традицијата за „кец“ на крајот од 90 минути, затоа што претходно во осумте средби кои се играа во Лигата на Европа, победија екипите кои беа во улога на домаќини, без разлика дали играа на свој терен или на неутрален стадион.

На Базел, Вулверхемптон и Баер Леверкузен доволно им беше да дадат по еден гол за да победат против Ајнтрахт Франкфурт, Олимпијакос и Глазгов Ренџерс, а Севилја со 2:0 ја победи Рома. Гостите едноставно не постигнаа ниту еден гол, а не да бараат победа.

И во мечевите од средата ситуацијата беше иста, во ЛЕ. Шахтар со 3:0 го победи Волфсбург, Интер во мечот да се биде или не со 2:0 го победи Хетафе, а Копенхаген со 3:0 го растури Башакшехир. Единствен гостин кој даде гол е ЛАСК Линц и тоа „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед, но англискиот гигант победи со 2:1.

Вечерва се играат два нови меча во ЛШ, а домаќините се во улога на фаворити. Баерн Минхен има убедливи 3:0 против Челзи и игра во Минхен, за потврдување на место во четвртфиналето. Барселона е фаворит на „Камп Ноу“ против Наполи, а каталонците треба да слават за да не ризикуваат да одат на реми без голови, резултат кој би им одговарал.

 

- Оглас -

Најнови вести