Мерак за обложување – Во Австрија ќе има гол-шоу, за Прва лига одлучува кој ќе постигне повеќе погодоци

Рид и Австрија Клагенфурт водат мртва трка за првото место во Втората австриска лига и вечерва ќе играат за гол повеќе во мрежата на своите ривали Флорисдорфер, односно Инсбрук.

Пред стартот на последното коло, вечерва од 20.30 часот има интересна ситуација, односно фото-финиш, а и Рид и Австрија Клагенфурт имаат ист број на бодови по 61.

Само првото место води во Типико Бундеслигата на Австрија за следната сезона, а прв критериум во случај на две, или повеќе екипи со ист број на бодови е подобрата гол-разлика.

Рид е подобар за само еден гол пред стартот на последната рунда и има гол-разлика од 64:39, за разлика од тимот од Клагенфурт со гол-разлика 59:35.

Ваквата ситуација личи на зицер за обложувачите, бидејчи е сосема извесно дека ќе има ѓестока трка за голови и тоа да ги има што повеќе во мрежата на Флорисдорфер и на Инсбрук.

Навидум полесна работа има Рид против Флорисдорфер, екипа која моментно е трета најлошопласирана екипа во Лигата, но се бори за опстанок.

Австрија во Клагенфурт го чека петопласираниот Инсбрук, кој нема посебни мотиви за игра, освен за престиж, па најавата е одлична и се очекува гол-шоу на двата терени на кои домаќини вечерва од 20.30 часот ќе бидат двете екипи кои бијат жестока битка за пласман во Првата лига.

 

- Оглас -

Најнови вести