Во денешниот Супер тип на Sport Life има четири различни спорта, а возбудувањата ќе започнат уште претпладне. Чешката тенисерка Вондроусова е фаворит против Кирстеа, а на АТП-турнирот во Доха, Карен Хачанов треба да слави над Русувори од Финска.
Во ракометната Лига на шампиони се игра дерби-дуел меѓу ПСЖ и Кјелце, а „кецот“ е со квота од 1.70, додека во кошаркарската НБА-лига Далас е домаќин на Феникс и Маверикс треба да го искористи домашниот терен и да победи за коефициент кој вреди 1.88. Торонто дома игра против Бруклин и ова треба да биде неизвесен дуел.
Фудбалот доминира во понудата со 11 средби, а интересно е дека дури на девет меча има зголемен коефициент за победа на домашниот тим. Како единствени гости, фаворити се Бенфика, и тоа на теренот кај Тулуз во Франција, и Коринтијанс против Кијанорте. Во фудбалите има зголемени квоти и на повеќе игри на голови кои вредат да се искористат.