Меракот за атракции е посилен од него, Нејмар со спектакл против исвиркувањето (Видео)

Бразилецот Нејмар заигра за Пари Сен Жермен откако доби суспензија за удирање на навивач и нема да игра во последните две кола од француската лига, и повторно се најде во центарот на вниманието. Парижаните победија против Анже со 2-1, стрелец на еден од двата гола за првакот беше и Нејмар, но она по што ќе се памети е потегот во финишот на средбата. Проработе бразилското во него, некои сметаат дека сакал да го понижи противникот, други го оправдуваат дека намерата му била само да направи атракција, а не некого да понижи. Како и да е, дриблингот беше спектакуларен и вреди да се погледне:

Инаку, голот кој го постигна Нејмар беше негов 34-ти во француската лига откако е член на ПСЖ, но прв со глава. Нејмар играше со лента на главата и можеби тоа се покажа како среќно. Домашните фанови го исвиркуваа Нејмар при секој контакт со топката, а тој врати со атракции и гол.

- Оглас -

Најнови вести