Мерино не се откажува: „Со нетрпение го чекаме реваншот во Париз“

Арсенал загуби со 0-1 од ПСЖ на домашен терен на првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, но никој во таборот на Топчиите не се предава. Оптимистички најави има за реваншот во Париз, а еден од нив е и Микел Мерино, кому му беше поништен гол во 47-мата минута.

„Беше тежок натпревар. Секоја минута е важна, а во првите 10 до 15 минути не одигравме на нивото на кое сме навикнати. Но, по голот на противникот закрепнавме. Покажавме карактер и доминиравме во остатакот од мечот. Знаеме дека сме квалитетна екипа и веруваме дека ќе го добиеме реваншот. Ние сме оптимисти. Она што го покажавме денес е само почеток. Веруваме во себе и полни сме со енергија. Сфативме дека можеме да доминираме против кој било противник. ПСЖ е екипа која сака да ја контролира играта и да притиска. Со нетрпение го очекувам реваншот во Париз“, рече шпанскиот интернационалец Микел Мерино.

- Оглас -

Најнови вести