Меркел и Макрон едногласни: Остануваме пријатели и после ПСЖ- Баерн

Двајцата лидери на најмоќните европски држави, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, имаа состанок на кој и фудбалот бил спомнат како опуштена тема на разговор. Утре во Лисабон се игра финалето на Лигата на шампионите помеѓу францускиот првак ПСЖ и германскиот владетел Баерн Минхен, па Макрон и Меркел ќе бидат на различни страни.

„Ќе стискаме палци за различни тимови, но тоа нема да влијае на нашето пријателство. Остануваме блиски и после финалето. В недела срцата ќе ни чукаат за различни тимови, нека победи подобриот“ – рече Меркел.

- Оглас -

Најнови вести