Мертенс ја симна пајажината од мрежата на Барса и стана прв стрелец во историјата на Наполи (Видео)

Наполи поведе со 1-0 против Барселона по половина час игра, а стрелец на голот е Дрис Мертенс. За Белгиецот ова е 121-ви гол во дресот на Наполи, со што тој се изедначи со Марек Хамшик на првото место на вечната клупска листа на стрелци. Зад нив е Диего Марадона со 115.

Мертенс има 16 гола на 33 настапи во ЛШ, а неговиот вечерашен гол е историски и во европски рамки. Тоа е јубилеен 8.000-ти погодок во историјата на најсилното клупско натпреварување во Европа.

Погледнете ги убавиот гол на Мертенс:

https://twitter.com/i/status/1232402854675009537

- Оглас -

Најнови вести