25.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Мертенс ќе се разигра од радост кога ќе ја слушне понудата од Монако

Дрис Мертенс речиси сигурно ќе го напушти Наполи откако ќе му истече договорот ова лето, а може да бира каде ќе ја продолжи кариерата со оглед на тоа дека има неколку заинтересирани екипи за неговите услуги. Премиер лигата е една од опциите, тука е и Интер, но сепак белгискиот офанзивец може да заврши француската Лига 1 и да стане Кнез.

Монако му нуди двојно поголема плата од онаа што ја заработува моментално, поточно осум милиони евра на годишно ниво. Останува да се види како конкурентите ќе реагираат со контрапонуда, но оваа на Кнезовите според заработка најмногу привлекува, а дефинитивно ќе биде клучен играч.

- Оглас -

Најнови вести