25.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Мертенс останува во Наполи

Иако иднината на Дрис Мертенс беше неизвесна до пред неколку дена, се чини дека одличниот белгиски офанзивец ќе остане во Наполи откако клубот му понуди нов богат договор. Станува збор за двегодишна соработка во која ќе заработува четири милиони евра по сезона, а дополнителни 500.000 евра го очекуваат во бонуси.

Неколку италијански медиуми објавија дека Мертенс веќе се согласил на новата соработка и наскоро ќе се официјализира, а претходно претседтелот Де Лаурентис му постави седумдневен ултиматиум да се одлучи дали ќе ја прифати понудата. Наводно Мертенс ќе добие 2,5 милиони евра при потпишувањето на договорот.

Тоа значи дека Интер остана без потенцијалното големо засилување бидејќи 33-годишниот офанзивец често се поврзуваше со преселба на „Џузепе Меаца“ во изминатиов период.

- Оглас -

Најнови вести