Дрис Мертенс доброволно се вклучи во хуманитарната акција на турскиот гигант Галатасарај и пристигна во просториите на стадионот „Неф“ во Истанбул за да помогне да се испрати што поголема помош за настраданите во земјотресот во Турција.
Белгиецот, кој е најдобар стрелец во историјата на италијанскиот клуб Наполи со 148 погодоци, сега како фудбалер на Галатасарај беше мотив повеќе да пристигнат и што повеќе навивачи на турскиот гигант за побрзо да се организира целиот процес.
Со Мертенс во акцијата се приклучи и неговата сопруга, а од Галатасарај најавија дека ќе продолжат активностите за да се собере што поголема количина храна, средства за хигиена и сè што е потребно за да им се помогне на преживеаните во земјотресот што ја погоди Турција.
Futbolcumuz Dries Mertens, eşiyle birlikte Nef Stadyumu'ndaki yardım merkezimize gelerek çalışmalara destek verdi.
Tüm vatandaşlarımızı stadyumumuzdaki P1 ve P2 Otopark Alanı'nda yer alan yardım merkezimize bekliyoruz. pic.twitter.com/BRNsuctaOe
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) February 8, 2023