Мерцедес го претстави новиот болид

Мерцедес со новиот болид „В10 Пауер плус“, со кој ќе се тркаат во 2019 година, ќе се обиде да дојде до рекордната шеста титула по ред во конкуренција на конструктори во Формула 1.

Болидот денеска за првпат на тестирањата на патеката Силверстоун во Велика Британија, беше испробан од актуелниот светски првак Луис Хамилтон, и неговиот клупски колега Валтери Ботас.

„Претходната 2018 година беше одлична, но чувствувам дека 2019 може да биде уште подобра. Сакам да продолжиме да одиме напред и да постигнеме уште подобри резултати. Полн сум со енергија, и подготвен за напад на нова титула“ – рече оптимистички настроениот Хамилтон.

Ботас не победи на ниту една трка во 2018 и најавува дека ќе оди на сè или ништо, а критиките ги прифаќал позитивно и само го мотивирале да биде подобар.

Најголемиот ривал на Мерцедес, италијанскиот тим Ферари, претставувањето за болидот за 2019 година ќе го има на 15 февруари.

- Оглас -

Најнови вести