Мерцедес не се откажува од титулата на Хамилтон и ќе бара нова правда

Како што е познато, ФИА ги одби вчерашните жалби на Мерцедес по повод освоената титула на Макс Ферстапен.

Но, од тимот на Мерцедес, каде што вози Луис Хамилтон, не планираат да се откажат од правната борба да му се додели осмата титула на Британецот.

Тие веќе испратиле желба до Меѓународниот суд за жалби во ФИА и таа треба да пристигне во наредните три дена.

Додека, пак, одговорот од ова тело на Светската автомобилиска федерација би требало да се изјаснат во наредните 96 часа.

Сепак, мала е веројатноста дека ќе биде променета одлуката за шампион.

Како што е познато, Макс Ферстапен во последниот круг го помина Луис Хамилтон, откако неколку круга претходно се возеше под безбедносно возило, каде што беше наредно да се тргнат заостанатите болиди меѓу овие двајца возачи, што значително му беше олеснета работата на Холанѓанецот.

- Оглас -

Најнови вести