Мерцедес подобар од Ферари, болидот на Ферстапен „рикна“, Мекларените не се ни појавија

Андреа Кими Антонели со денешната победа на патеката во Шангај, испиша историја, бидејќи ова му е прв триумф во Формула 1 кариерата.

Пилотот на Мерцедес тргна од пол-позицијата и освен на стартот кога беше претекнат, доминираше во најголем дел од трката која ќе ја памети цел живот. Антонели е првиот Италијанец по Џанкарло Физикела од 2006 година кој победил на Ф1 трка.

Второто место го освои водечкиот во генералниот пласман, Џорџ Расел, тимски колега на Антонели од Мерцедес. На трето и четврто место се најдоа пилотите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Тие водеа голема битка за трето место и ја забавуваа публиката.

Катастрофа му се случи на лани доминантниот Мекларен чии болиди не ни стартуваа денеска, останаа во гаража поради механички проблеми. Трката ја почна, но не ја заврши Макс Ферстапен чиј болид не издржа до крај. Само 15 болиди ја комплетираа трката. Одличен беше Оли Берман од Хас ској беше петти, а стартуваше како десетти.

- Оглас -

Најнови вести