Мешков е добар тим, но Вардар очекува победа

Вардар оди на победа против Мешков Брест на неделниот меч од Лигата на шампионите во „Јане Сандански“, а тренерот Едуард Кокшаров и пикерот Стојанче Стоилов најавуваат победа, иако веројатно екипата повторно нема да биде комплетна.

„Се знае дека екипата на Мешков Брест е добра. Ние добро се подготвуваме, очекуваме добра игра и, секако, победа. Ние на секој натпревар одиме на победа, а целта ни е да ја подобриме играта. Денеска ќе имаме информации од лекарскиот тим за повредените, се надевам барем Атман да игра. Стоилов е подготвен на секој меч да влезе и да помогне, но потребно е време и нема да форсираме. Дали капитенот ќе игра или не, ќе видиме во недела“, вели Кокшаров.

Капитенот Стојанче Стоилов кажа дека тимот има проблем со повредени играчи, а и по двата порази по ред, малку се разнишани, но ветува борба и враќање на вистинскиот пат.

„Имавме тешки два меча во ЛШ, два убедливи порази кои треба да ги оставиме зад себе, пред нас е мечот против Мешков. Имаме доста проблеми со повредени играчи, не се знае кој ќе игра. Наше е да излеземе на терен да се бориме и да се обидеме да победиме“, изјави Стоилов, кој летоска имаше операција и сезонава уште нема настап.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести