16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Мешовити типстерски со фудбал, кошарка, тенис…

(7125) Јаник Синер – Рафаел Надал (17:30ч)

Ролан Гарос стигна до четвртфиналната фаза, каде што Рафаел Надал редовно поминува, па така треба да биде и во дуелот против Синер. Италијанскиот тенисер во претходната рунда го изненади Александер Зверев, па сега налета на бранителот на гренслемот во Париз и му се предвидува крај на неговата авантура.

Надал атакува на првиот посткорона трофеј и за него е од големо значење да ја одбрани титулата. Досега Шпанецот немал прилика да ги одмери силите со 75-торангираниот тенисер, што за Надал не претставува проблем бидејќи влезе во опасна форма и сè уште нема загубено сет на Француското отворено првенство.

Предлог тип: 2 <28,5 гема (2.10)

 

(8013) Морнар – Уникаха Малага (18ч)

Еврокупот тргна во полна пареа и со доста возбудливи натпревари. Морнар загуби во премиерното коло, додека Уникаха за четири поени не стигна до „стотка“ против Левалоа. Шпанскиот состав и во овој меч е фаворит и речиси сигурно ќе ја запише третата победа во исто толку меѓусебни средби против тимот од Бар.

Црногорците имаа неколку дена повеќе за одмор, со оглед на тоа дека Уникаха имаше обврски во домашното првенство, каде што претрпе  пораз. Токму затоа Уникаха ќе цели на победа во салата „Тополица“, да се врати во победнички ритам.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

(8600) Партизан – Венеција (20:30ч)

Хувентуд на Ненад Димитријевиќ му нанесе пораз на Партизан уште на стартот на сезоната, но Црно-белите допрва треба да влезат во ритам по смената на тренерскиот и играчкиот кадар.

Ова ќе биде трета пресметка меѓу Партизан и Венеција, една екипа ќе поведе со 2-1 во меѓусебните дуели откако во минатата сезона поделија по еден триумф, и тоа на гости. Венеција беше многу поубедлива во Белград, додека Партизан оствари минимален триумф во Италија со 66:63. Сега се игра поопуштено бидејќи нема навивачи на празните трибини, затоа е можно и кошаркарите без притисок да го покажат напаѓачкиот потенцијал.

Предлог тип: Т1 >77,50 поени (1.97)

 

(1561) Конах Квеј – Кернарфон (20:45ч)

Актуелниот првак има речиси перфектен старт со четири победи и едно реми по пет кола во шампионатот на Велс. Исто толку има и вицепрвакот ТНС, кој е лидер поради подобра гол-разлика, па се очекува оваа низа од четири победи на Конах да продолжи и вечерва.

Конах доби четири од последните пет меѓусебни дуели со Кернарфон, од кои во последните два славеше со по четири реализирани погодоци. Тоа покажува дека голгетерскиот потенцијал не е спорен, па нов позитивен резултат за домаќините е извесен.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.75)

 

(1565) ТНС – Њутаун (20:45ч)

ТНС минатата сезона беше неприкосновен лидер во регуларниот дел од шампионатот, но во плејофот потфрли и остана без титулата. Затоа оваа сезона Светците со полна пареа газат во велшкото првенство, а ремито со Бала таун е единствен кикс во пет кола досега.

Њутаун често знае да претрпи дебакл од ТНС со пет или шест примени гола, но приреди и едно изненадување во последните пет меѓусебни средби со победата од 2-1 против фаворитот. Мали се шансите да се повтори таков исход, а ТНС ќе продолжи во ист ритам по убедливиот триумф од 10-0 над Флинт од претходното коло.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.52)

- Оглас -

Најнови вести