35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Поим за лојалност – Меси даде сигнал, останува во Барселона со договор 1+1

Лионел Меси останува поим за верност и речиси сигурно ќе остане во Барселона уште една година. Шпанските медиуми објавија дека иконата на Барса го информирала првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта, дека прифаќа нов договор според формулата 1+1.

Тоа значи дека Лео ќе игра најмалку уште една година за Барселона, со можност потоа договорот да се продолжи за уште една година.

https://twitter.com/tjcope/status/1407410226387734533?s=20

Меси е член на Барселона од 2000 година, кога како 13-годишно момче од Њуелс олд бојс пристигна во познатата „Ла Масија“. Од Академијата на Барселона се префрли во првиот тим, за кого дебитираше во 2004 година и оттогаш му е верен на својот единствен клуб за којшто играл како професионалец.

Меси има 33 години и ако остане уште две години во Барса, тоа практично ќе значи дека тука и ќе ја заврши кариерата, што е и негова желба и желба на сите навивачи на клубот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести