Меси 90% останува во Барселона или си оди за 100 милиони евра

Состанокот на таткото и агент на Лионел Меси, Хорхе, со претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, не донесе никаков напредок околу разврската со иднината на најдобриот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант, па тоа остави простор за многу шпекулации и претпоставки. За една недела стартуваат шпанското и англиското првенство, па и за самиот Меси не е добро да не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Меси сака да ја напушти Барселона, но има договор до јуни 2021 и клубот нема намера да го пушти. Таткото на Меси рече дека тешко дека син му ќе остане во Барселона.

Англиските медиуми навиваат за преселба на Меси во Премиер лигата, па пишуваат дека тој би можело да си замине ако Сити плати отштета од 100 милиони евра. Ова би било компромисот на 33-годишниот Аргентинец и клубот за пријателска разделба, но Барселона засега не размислува на такво нешто. Меси не сака да тренира со тимот, за секој ден отсуство плаќа казни. Манчестер сити не може да си дозволи да го купи Меси ако тој не си оди од Барса како слободен агент.

Од Аргентина доаѓаат сосема спротивни информации. Според еден новинар, кој е добро запознат со ситуацијата и меѓу првите објави за факсот со кој Меси побара заминување, тврди дека шансите на Лео да остане во Барса и оваа сезона се дури 90 проценти.

Новинарот Мартин Аревало оди дотаму што вели дека уште денеска Меси ќе објави дека останува во Барса.

Меси почнал да размислува сепак да остане и да ја исполни желбата на раководството на Барса со кое не е во баш најдобри односи. Во март се претседателските избори и ако на чело на клубот дојде некој по негов вкус, веројатно Меси ни во јуни 2021 нема да сака да си оди. Но, ако одлучи да остане, тогаш ќе треба и да ја преземе вината за циркузот кој го направи со барањето да си оди и со непојавувањето на тестирање и тренинзи.

- Оглас -

Најнови вести