Меси бара во Барселона да дојде играч од Манчестер, но тоа не е Погба

Веќе со години наназад се шпекулира дека кога ќе треба да се донесе некоја голема ѕвезда во Барселона, главниот збор го има Лионел Меси. Капитенот на каталонскиот гигант, но и најдобар играч во Шпанија секогаш има голем удел во одлуката за тоа кој играч треба да биде доведен како засилување на „Камп Ноу“.

Според најновите пишувања, Меси сака во летниот преоден рок да биде доведен еден фудбалер на Манчестер јунајтед. Иако прва асоцијација е Пол Погба, сепак не се работи за Французинот, туку за Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец има одлична сезона, а неговиот актуелен договор со гигантот од „Олд Трафорд“ е до крајот на сезоната сезона.

Барселона има одличен офанзивен ред, каде покрај Меси се и Луис Суарес, Дембеле и Кутињо. Сепак, играч како Рашфорд, сигурно би бил повеќе од добредојден за шпанскиот првак, но останува да се види дали ова е само уште една шпекулација или реална можност за еден звучен трансфер во летниот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести