Меси беше кошмар за противниците, сега тоа е најголем проблем за Аргентинецот

Головите од слободните удари беа заштитен знак за Лионел Меси во изминативе години. Сепак, тоа што беше еден од најголемите адути за Аргентинецот, сега преставува проблем за капитенот на Барселона.

Според статистиката, Меси нема постигнато ниту еден гол од слободен удар во последните 62 обиди. Последен пат се обиде синоќа на дуелот против Кадис, но противниците покажаа дека едноставно научиле тактика како да се одбранат од шутевите на Меси.

Освен фудбалерите кои се во „живиот ѕид“, се ставаат дополнителен број играчи кои се во близина на гол-линијата и тие дополнително го бранат голот од ударот на Меси. Играчите на Кадис не се први кои на тој начин успеаја да се одбранат од Меси.

Последен пат Меси погоди од слободен удар против Осасуна на 16 јуни, а потоа од 62-та шута, трипати успеа да погоди во рамката на голот, 21 пат голманот му одбрани, 14 пати шутираше непрецизно надвор од голот, а дури 23 шута завршија во „живиот ѕид“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести